НЛБ Банка  на својата мрежа на банкомати овозможува дополнителни услуги за сите иматели на платежни картички.

“Cash In“ функционалностите на НЛБ банкоматите овозможуват:

За физички лица:

  • Уплата на трансакциска сметка
  • Уплата на платежни картички
  • Уплата на кредит

За правни лица:

  • Уплата на дневен пазар
  • Уплата на бизнис картичка

Предности

  • Уплата на средства во кое било време, без разлика на работното време на Банката
  • Уплатените средства се на располагање веднаш по направената уплата

Листа на Cash In банкомати

Листа на Cash In банкомати

Плаќање на сметки

  • Со оваа дополнителна услуга сите иматели на платежни картички можат да ги плаќаат сметките издадени од ОНЕ ВИП, Македонски Телеком и ЕВН на банкоматите на НЛБ Банка.
  • Плаќањето на сметките може да се направи со било која дебитна или кредитна картичка од програмите на VISA International и MasterCard Worldwide, без оглед на банката издавач.
  • Плаќањето е брзо и едноставно, се извршува на самиот банкомат, без потреба од посета на експозитура, пошта или соодветното продажно место.

 

Како да го реализирате плаќањето на сметка:

Припејд надополнување

  • НЛБ Банка овозможува надополнување на ваучери на при-пејд корисниците на мобилните оператори присутни на македонскиот пазар: Македонски Телеком и ОНЕ ВИП.
  • Надополнувањето на припејд сметка може да се направи со било која дебитна или кредитна картичка од програмите на Visa International и  MasterCard Worldwide, без оглед на банката издавач, како и со локалните картички издадени од македонските банки.
  • Процесот на надополнување е брз, транспарентен, едноставен и без провизија за корисникот.
  • Со понудата на оваа услуга имателите на платежни картички ќе може да надополнат ваучер на својата или било која друга припејд сметка во било кое време користејќи ја широко распространетата мрежа од преку 150 банкомати на НЛБ Банка.