Германија не ја разгледува можноста за финансиска помош на Турција, како мерка за излез на земјата од валутната криза, соопшти германската влада.

„Прашањето за германската помош на Турција моментално не е на агендата на владата“, изјавија нејзините претставници.

Од германската влада додаваат дека од Турција ќе зависи дали ќе побара помош од меѓународниот монетарен фонд, како и дека финансиската поддршка не е во фокусот на преговорите помеѓу лидерите на двете земји.