ОБРАЗЛОЖЕНИЕ КОН ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ЗА ХОТЕЛИ- МЕТРОПОЛ А.Д. ОХРИД ЗА ПЕРИОД

01.01.2018- 30.06.2018 ГОДИНА

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2018 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех.

Друштвото во првата половина на 2018 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештaи.

Приходите од работењето на Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2018 година изнесуваат 71.834 илјади денари и покажуваат зголемување од 28% во однос на приходите за овај период 2017 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 71.333 илјади денари. Останатите приходи во износ од 501 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2017.

Хотели- Метропол А.Д.Охрид во првиот семестар на 2018 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 1.835 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 70.529 илјади денари, бележат зголемување од 28% во однос на расходите за овај период во 2017 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 40,9% имаат трошоците за вработените во износ од 28.893 илјади денари, кои бележат пораст од 22%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 24.781 илјади денари имаат учество од околу 35,13% во вкупните расходи, односно се зголемени за 31% во однос на иститот период минатата година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година.

Вкупните обврски по кредите на Хотели- Метропол А.Д. Охрид претставуваат 12,3% од капиталот и резервите.

Имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работењето досегашната реализација на деловната 2018 година на Хотели- Метропол А.Д. Охрид е во рамките на планираните активности.

Во наредното тромесечие од 2018 год. Менаџментот на Друштвото ќе се залага да го задржи континуитетот на работењето и соодветно да се справи со ризиците кои ги носи деловното окружување со цел да ги исполни проектираните активности за деловната 2018.