• ПроКредит Групацијата забележа голем раст на бруто кредитно портфолио во првиот семестер од 2018 година: бруто кредитното портфолио порасна за 350 милиони евра или за 8,9% (прв семестер од 2017 година: 4,7%) и достигна ниво од 4,3 милијарди евра.
  • Kонсолидираниот резултат од тековното деловно работење во првиот семстер 2018 година е 26,7 милиони евра и истиот е значително повисок од резултатот во прв семестер 2017 година (20,8 милиони евра).
  • Имплементацијата на концептот на директно банкарство за физички лица доведе до зголемување од 11,1% на нето приходот од провизии и надоместоци, т.е., тој достигна ниво од 24 милиони евра (прва половина од 2017 година: 21,6 милиони евра)
  • Очекувања за резултати во 2018 година: пораст на бруто кредитното портфолио на ниво на ПроКредит Групација од 12-15% и поврат на капитал од 7,5 – 8,5%.

Очекувања за резултати во 2018 година: пораст на бруто кредитното портфолио на ниво на ПроКредит Групација од 12-15% и поврат на капитал од 7,5 – 8,5%.

ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА (ПроКредит Холдинг) објави динамичен раст на ПроКредит банките кои работат во Југоисточна и Источна Европа. Позиционирана како „Матична банка“ за мали и средни претпријатија (МСП), ПроКредит Групацијата достигна раст на бруто кредитното портфолио од 8,9% или 350 милиони евра во првата половина од 2018 година, со што вкупното портфолио сега изнесува 4,3 милијарди евра (31.12.2017: 3,9 милијарди евра). ПроКредит Групацијата продолжи да се развива врз основа на позитивниот резултат од првиот семстер од 2017 година (4,8% или 173 милиони евра), како и целата финансиска 2017 година (8% или 281 милиони евра).

До крајот на финансиската 2017 година, развојот на кредитното портфолио на ПроКредит Групацијата беше под влијание од промената на стратегијата на работа и имплементирањето на стратешки фокус кон соработка со МСП. Големиот раст забележан во првиот семестер од 2018 година ја потврдува позицијата која ПроКредит банките ја изградија на пазарите каде што оперираат,пред се како „Матични банки“ за динамични МСП.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Генерал партнер АГ (единствен раководен орган на ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА): „Првата половина од 2018 година беше одлична за ПроКредит групацијата. Остваривме голем раст на кредитно портфолио, кој во првата половина од 2018 година беше поголем отколку за целата претходна финансиска година. Овој показател ни потврдува дека можеме да продолжиме со планираната експанзија на нашето работење со МСП. Токму поради овој значаен раст, го зајакнавме и зголемивме нашиот капитал, кој успешно беше реализиран во февруари 2018 година. Нашиот успех е резултат на професионалноста на нашите вработени, комбинирано заедно со нашето успешно позиционирање како Матични банки за МСП.“

Портфолио во „eко кредити“,со кое ПроКредит банките поддржуваат еколошки одговорни проекти, исто така остварува голем раст: Заклучно со 30.06.2018 година, еко кредитното портфолио е 13,9% од вкупното кредитно портфолио на банката (31.12.2017: 12,6%). Дополнително, заклучно со 30.06.2018 година 17,2% од сите инвестициски кредити во банката се „еко “ кредити.

Согласно консолидираниот резултат на ПроКредит групацијата, резултатот од тековното деловно работење во прв семестер 2018 изнесува 26,7 милиони евра, што претставува пораст во однос на истиот период од минатата година кога овој резултат изнесуваше 20,8 милиони евра. Мерките кои претходната финансиска година се преземаа со цел зголемување на ефикасноста сега јасно резултираат со пониски оперативни трошоци. Административните и трошоците за вработените се намалени за 12,3% во споредба со истиот период во 2017, или поточно истите се намалени за 11,7 милиони евра, и сега изнесуваат 83,5 милиони евра. Исто така, со воведувањето на концептот на директно банкарство за физички лица, нето приходот од провизии и надоместоци се зголеми за 11,1%, или за 24 милиони евра. Таргетираните маркетинг кампањи во текот на втората поволина од 2018 година ќе придонесе за понатамошно зголемување на свесноста за директно банкарство и овој резултат.

Tрошоци за исправка на вредност останауваат и понатаму на ниско ниво, што исто така има позитивен ефект врз консолидираниот резултат. Овој тренд се базира на константното подобрување на квалитетот на портфолиото. Во текот на првите шест месеци од годината, нефункционалните кредити на ниво на групација се намалени од 4,8% (31.12.2017) на 3,7% (од 30.06.2018). Дополнително нивото на покриеност на нефункционалните кредити со исправка на вредност се искачи над 90%.

Коефициентот расходи/приходи е намален во првите шест месеци од 2018 година на 71,3% во споредба со 75,1% во првата половина од 2017 година. Забележителните подобрувања во овој показател се резултат на успешно спроведените мерки за економичност.

Г-дин Костадинов појасни: „Ние сме задоволни од резултатите остварени во првата половина на годината. Намалувањето на трошоците во мрежата на филијали придонесе значително кон овој позитивен развој. Нашиот концепт на директно банкарство за физички лица почнува да покажува резулатати: главно сме насочени кон клиенти од се побројната средна класа, бидејќи токму тие ги распознаваат и уживаат во придобивките на едноставното банкарство преку дигитални канали. Тоа ни овозможува да постигнеме раст на нето приходот од надоместоци и провизии.“

Заклучно 30 јуни 2018 година, ПроКредит Групацијата оствари 7,5% поврат на капитал. Споредено со истиот период минатата година, овој показател е зголемен за 0,5 процентни поени (прва половина на 2017 година: 7%), и покрај зголемувањето на капиталот оваа годинаа.

Депозитите од клиенти, кои се најважниот извор на финансирање на ПроКредит банките изнесуваат 3,6 милијарди евра заклучно 30.06.2018 година; што е на исто ниво како со депозитното портфолио на крајот на финансиската 2017 година и скромно над нивото од 3,5 милијарди евра забележано на крајот на 2016 година. Ова е позитивен резултат, особено во контекст на значителното намалување на нашата мрежа на филијали и дигитализацијата на услугите за физички лица. Намалувањето на обемот на депозити со помали износи поврзано со затворањето на филијалите беше целосно компензирано со депозити во поголем износ од страна на правни лица.

Стапката на задолжителен основен капитал (CET1 fully loaded) се зголеми од 13,7% на крајот на 2017 година и достигна 14,6%, со што се нагласи солидната капитализација на ПроКредит групацијата. Зголемувањето на капиталот за 10% во февруари 2018 година значајно влијаеше на овој показател.

Согласно Надзорниот процес за преглед и евалуација (SREP), во вториот квартал од 2018 година ПроКредит за прв пат требаше да оствари дадено ниво на капитал. Барањето за ниво на капитал за 2018 година беше поставено на 8,1% за стапката на задолжителен основен капитал, 10,1% за вкупен основен капитал и 12,9% за вкупен капитал, земајќи ги предвид капиталните бафери. Капиталот на ПроКредит групацијата ги задоволува овие барања и е над потребните нивоа.

За 2018 година, ПроКредит ги потврди очекувањата презентирани во објавениот Годишен извештај за 2017 година: раст на бруто кредитното портфолио од 12 до 15%. Во зависност од  развојот на маржата од камати и растот на кредитното портфолио, се очекува и стапката на поврат на капитал да биде помеѓу 7,5% и 8,5% за финансиската 2018 година.

Полугодишниот извештај на групацијата е достапен на германски и англиски јазик на веб-страницата на ПроКредит Холдинг  во делот на „Односи со инвеститори“ на: http://www.procredit-holding.com/investor-relations/reports-publications/financial-reports/

За повеќе информации проверете тука.