Стапката на вкупни трошоци кај кредитите или СВТ скратено е пресметковна категорија која се деривира од методологијата која е универзална а кај нас во Р. Македонија е пропишана од страна на Народната Банка на Р. Македонија.
Во оваа пресметковна категорија спаѓаат :
- редовната камата на кредитот
- административните трошоци на кредитот
- трошоците за одржување на сметка
- еднократната провизија при одобрување на кредитот
- трошоците за администрирање на партијата
- друг вид на трошоци кои се засметуваат однапред за клиентот а тој ги плаќа со враќањето на кредитот
Кои се трошоци кои не влегуваат во оваа пресметка ?
– нотарските трошоци
– трошоци за казни, пенали и опомени поради евентуално нередовно сервисирање на кредитот
– извршителските трошоци
– казнената камата која се пресметува на главницата
Колку изнесува максимално дозволениот СВТ ( стапка на вкупни трошоци ) кој смее било кој кредитор да ја Ви ја наплати ?
Согласно последните информации и законот кој се спрема во Министерството за финансии оваа ставка не треба да биде над 55 %.
Како да дознам колкава ми СВТ на мојот кредит ?
Кредиторот е должен да Ви ја презентира при калкулацијата на кредитот и пред потпишувањето на Договорот за кредит. Ова е законска обврска на кредиторот и тој мора да ја почитува.
За било каккви подетали прашања за финансиско советување, слободно обратете ни се на нашата ФБ страна за бесплатен совет.