ОГЛАС  број 3/2018
ЗА ПРОДАЖБА НА ПОДВИЖЕН ИМОТ – АВТОМОБИЛИ
по пат на усно јавно наддавање

 

Предмет на продажба:
Народната банка врши продажба на патнички моторни возила по пат на усно јавно наддавање и тоа на:

 

1. Цитроен Ц4

Работна зафатнина на мотор
1360
Сила на моторот во KW
65
Година на производство
2008
Места за седење
5
Боја
Металик сина 90
Број на сообраќајна дозвола
МК 1468331
Регистрирана
НЕ

Почетна цена на автомобилот е 130.433,00 денари.
Автомобилот се продава на принципот видено – купено.

 

2. Цитроен Ц4

Работна зафатнина на моторот
1360
Сила на моторот во KW
65
Година на производство
2008
Места за седење
5
Боја
Металик црна 20
Број на сообраќајна дозвола
МК 1468332
Регистрирана
НЕ

Почетна цена на автомобилот е 133.396,00 денари.
Автомобилот се продава на принципот видено – купено.

 

Право на учество на усното јавно наддавање:
Физички лица: деловно способни државјани на Република Македонија, деловно способни странски државјани.
Правни лица: сите домашни и странски правни лица.

 

Пријава за учество на усното јавно наддавање:
Заинтересираните лица кои ќе учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество, која е достапна на веб-страницата на Народната банка на Република Македонија (http://www.nbrm.mk / Образец 1-Пријава за учество на физичко лице / Образец 2-Пријава за учество на правно лице), или да ја подигнат од архивата на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата не може да се менува, а секое менување или непополнување на сите нејзини елементи и недоставување на потребната документација претставува основа за дисквалификација на нејзиниот подносител од учеството во постапката на јавното наддавање.
Пријавите се доставуваат по пошта или во архивата на Народната банка на Република Македонија заклучно со 4.09.2018 година.

 

Услови за учество на усното јавно наддавање:
Доказ за платена гаранција за учество на јавно наддавање.

 

Гаранција за учество:
Гаранцијата за учество на усното јавно наддавање изнесува 10% од вредноста на секое патничко моторно возило поединечно.
Гаранцијата се уплатува на сметката 100000000011103, депонент Народната банка на Република Македонија, со назнака „депозит за усно јавно наддавање“ (задолжително се наведува бројот на огласот), како и редниот број на патничкото моторно возило за кое се уплатува депозитот.
На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите кои не се избрани на јавното наддавање им се враќа гаранцијата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, освен на најповолниот понудувач на кого износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.
Рокот за уплата на гаранцијата е најдоцна три дена пред денот на одржувањето на усното јавно наддавање.

 

Рокови:
Усното јавно наддавање ќе се одржи на 5.09.2018 година во просториите на Народната банка на Република Македонија, на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,
1000 Скопје со почеток во 11:00 часот.
Сите заинтересирани лица можат да ги разгледаат патничките моторни возила секој работен ден почнувајќи од 11.08.2018 година во период од 11:00 до 13:00 часот. За разгледување на автомобилите заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3108-106 или 02/3108-416.

 

Усно јавно наддавање:
Усното јавно наддавање започнува со објавување на почетната продажна цена на патничкото моторно возило под реден број 1.
Секој понудувач пред усното јавно наддавање треба да поднесе доказ за уплатена гаранција за усно јавно наддавање, документ за лична идентификација за физички лица, и заверени полномошна за претставниците на правни лица.
Наддавањето се врши чекор по чекор, односно со зголемување на вредноста секој нареден чекор за 10% од почетната цена на патничкото моторно возило.
Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
По завршување на постапката за продажба на патничкото моторно возило со реден број 1 се преминува на продажба на патничкото моторно возило со реден број 2. Постапката за продажба е иста како и за претходното патничко моторно возило.
Рокот за плаќање на купопродажната цена е 30 дена од денот на склучување на Договорот за продажба.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека недвижноста не е продадена и гаранцијата за учество на усното јавно наддавање нема да му биде вратена.
По извршената уплата на купопродажната цена во определениот рок, Народната банка склучува договор со најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач се обврзува да ги плати сите даноци кои ќе произлезат како обврска врз основа на склучениот договор за продажба на патничкото моторно возило.
Трошоците за нотарската процедура паѓаат на товар на најповолниот понудувач.