Халк банка преку Македонската берза вчера соопшти дека преку емисија на акции ја зголемува основната главнина за 933 милиони денари или околу 15 милиони евра со што банката покажа дека е сериозна во намерите да стане водечка банка во Македонија, но и во регионот.

Банката е основана на 15.03.1993 година како акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Р. Македонија, со доминантна активност во работа со депозити, кредитирање на правни лица и население, девизно-валутни работи, платен промет во земјата и странство, инструменти со фиксен принос, гаранции и акредитиви.

Халк банка започна да го користи принципот на банки во мало и стана првата банка која го промени начинот на работење насочувајќи се кон потребите на клиентот, наместо класичното насочување кон производ.

Во рамки на македонскиот пазар, банката е препознатлива по иницирање брза и квалитетна услуга преку имплементација на нови, иновативни процеси како што се картичниот бонус програм, модернизираните АТМ и ПОС машини, електронското банкарство и е-трговија.

Банката има широка домашна и интернационална мрежа составена од 37 филијали низ Македонија и коресподентски односи со повеќе странски банки.

Во профилот на банката стои дека има зацртана мисија да биде водечка, исполнувајќи ги сите услови на универзалното банкарство, силни и во производите и услугите за населението, и континуирано да создаваме дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените преку ефикасна имплементација на сите банкарски услуги со свест и разбирање на своите општествени одговорности и должности.

Визија на банката е да биде регионална водечка банка за МСП која е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмира силно присуство во услугите во доменот за население.