Триглав Осигурување воведе на пазарот нов пакет производи, Триглав комплет +.
Триглав комплет + обезбедува врвна заштита за најважните аспекти од животот, нудејќи притоа можност за заштеда и до 40%, бидејќи обезбедува подобри услови, отколку кога осигурувањата би се склучиле поединечно.
Триглав комплет + е пакет наменет за сите, кои сакаат безбедност за себе и за своите најблиски. Врвната здравствена заштита што ја нуди Триглав Осигурување, во овој пакет е надополнета со осигурување на дом и каско осигурување за автомобили, а притоа обезбедува заштеда и до 40%.
Пакетот Триглав комплет + ги вклучува следните видови на осигурувања:
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Каско осигурување на автомобили
- Осигурување на дом
Пакетот дополнително вклучува и здравствено – патничко осигурување, како и автомобилска асистенција, пакет Комфорт.
Триглав комплет + е индивидуален и семеен пакет, поточно може да се користи за индивидуална употреба, како и за целото семејство, зависно од потребите, а овозможува во пакетот да се вклучат и тековни осигурувања.
‘Триглав комплет + е резултат на фокусот на компанијата на потребите на клиентите, кои сакаат да ги заштитат најважните аспекти од животот за себе и за своите најблиски. Овој пакет на многу едноставен начин обезбедува сигурност и притоа нуди заштеда. Развојот на вакви иновативни решенија е една од глaвните причини за задоволството и лојалноста на клиентите на Триглав Осигурување, бидејќи нуди вредност и го подобрува квалитетот на нивниот живот. Факт е дека на осигурувањето не мислиме често, но секој ден живееме со спокојот што ни го дава, а тоа нашите клиенти умеат да го ценат”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.