Граѓаните имаат проблем со враќањето кредити. Ова е заклучокот кој го донесе Народната банка по направената анализа. Податоците на НБРМ велат дека дури две третини од домаќинствата не можат навремено да ги вратат заемите од банките. Лошата финансиска кондиција на граѓаните ги принудува на дополнително задолжување и подогање на нови кредити . Фрапантен е податокот кој се гледа од анкетата на централната банка , дека над 60% од семејствата во Македонија се изјасниле декасо месечниот буџет не се во можност да ги задоволат во целост основните животни потреби.

„Само 29 отсто од домаќинствата во земјава можат редовно да ги враќаат земените кредити од банките. Дополнително , само 18 отсто од македонските семејства може да си дозволат да плаќаат закупнина за стан. Резултатите од анкетните истражувања спроведени на избран примерок на домаќинства покажуваат дека согледувањата на домаќинствата за нивната финансиска состојба и оптовареност со долг не се поволни упатувајќи на незадоволство за финансиската состојба и извесни потешкотии во намирувањето на трошоците за живот“

Дали со месечните примиња , плата или пензија може достоинствено да се протурка месецот? Ова е прашањето кое АЛСАТ-М им го постави на дел од граѓаните. Оние со домашен буџет над 500 евра велат дека немаат голем проблем, но тие со ниски примања се задолжени и со по некој кредит кој велат дека одвај го враќаат.

Јас не знам некој што нема кредит. Тешко се враќа ама што да правиш, тоа е. “

„Убаво се живее со 60 илјади денари месечно за 4 члено семејство. Да бидат платени сметките да се купи храна така е најдобро.“

Мојата пензија е висока и добро ми е. Но тие што имаат примања под 20 илјади не знам како живеат.“

Платите се многу ниски, сите сме принудени да зимаме кредити , но јас сум оптимист“, велат анкетираните граѓани.

Последниот извештај на државниот завод за статистика покажува дека во јули годинава во однос на претходниот месец има незначително намалување на трошоците на живот од 0,3%. Извештајот покажува дека по категории раст на трошоците е забележан кај информатичката опрема, горивата, овошјето и зеленчукот, маслото, брашното, сирењето, замарзнатата риба, шекерот и чоколадите. Зголемување на трошоците на живот пак има кај јаткастите производи, свежата риба,чаденото месо , преработените овошје и зеленчук како и кај цигарите.