Соединетите Држави имаат најголеми резерви на злато во светот со значителна разлика. Всушност, владата на САД има скоро толку резерви колку следните три најголеми земји имаат заедно (Германија, Италија и Франција). Русија ги заокружува првите пет. Се претпоставува дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има повеќе златни резерви од Италија, но помалку од Германија.

Златото служеше како средство за размена, до различни степени, илјадници години. За поголемиот дел од 17-тиот до 20-тиот век, хартиените пари издадени од националните влади биле деноминирани во однос на златото и делувале како правно барање за физичко злато. Меѓународната трговија беше спроведена со користење на злато. Поради оваа причина, земјите мораа да одржуваат злато од економски и политички причини.

Не постои современа влада која бара сите свои пари да се поддржани од злато. Сепак, владите сé уште поседуваат огромни купишта злато, кои се мерат во однос на метрички тони, како безбедна заштита од хиперинфлација или друга економска катастрофа. Секоја година, владите ги зголемуваат своите златни резерви со стотици тони.

Златото е најстариот проследен и најмногу продаден продукт во светот, според извештајот од магазинот Futures во 2013 година. За бизнисите, златото претставува стоковно средство кое се користат во медицината, накитот и електрониката. За многу инвеститори, и институционално и на мало, златото е гарација против инфлацијата или рецесија.

Најголеми резерви на злато во светот

Во 2018 година, ова се петте земји со најголеми резерви на злато:

1. Соединетите Американски Држави – 8.133,5 тони: За време на алтуелноста на Бреттон Вудс системот на меѓународна размена, кога САД понудија злато на други земји, злато во замена за долари, беше објавено дека помеѓу 90% и 95% од светските златни резерви лежеа во американските сефови. Децении подоцна, САД сé уште имаат најмногу злато сочинувајќи над 75% од девизните резерви.

2. Германија – 3.371 тони: Германија кај неа држи околу една третина од своите златни резерви во својата земја. Речиси половина се чуваат во филијалата на американската федерална резерва во Њујорк, а уште 20% се чуваат во Лондон или Париз.

3. Италија – 2.451,8 тони: Кризата во еврозоната доведе до тоа некои да ја повикаат италијанската влада да продаде дел од своите златни резерви за да собере средства, но таквите планови никогаш не се остварија.

4. Франција – 2.436 тони: Поранешниот претседател на Франција Шарл де Гол беше делумно одговорен за колапсот на системот Бретон Вудс кога тој го нарече ” блеф и почна да тргува со долари за злато од резервите на Форт Нокс. Потоа, претседателот Ричард Никсон, кој знаеше дека фиксната стапка од 35 долари за злато унца е премногу ниска, на крајот беше принудена  да ја тргне САД од златниот стандард, со што ја прекина автоматската конвертибилност на доларот во злато.

5. Русија – 1909,8 тони: Русија ја презеде оваа позиција од Кина како петти најголем носител на жолт метал во 2018 година. Ова зголемување на своите резерви беше обид за разновидност од американските инвестиции: главно ги продаваше обврзниците на САД за купување на злато.