(Време за читање 6 минути)

Доколку ги истражувате алткоините и ги барате најдобрите алткоини да инвестирате, сигуро се имате сретнато со Монеро. Монеро беше лансирана во 2014 година. Голем дел од криптовалутите дозволуваат јавно да се гледаат сите трансакции на блокчејнот, додека Монеро одржува високо ниво на приватност. Ова високо ниво на приватност ја прави Монеро популарна монета и монета во која вреди да се инвестира.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ: Сакам да ве предупредам – јас ​​не сум правен финансиски советник. Пред да инвестирате во било која од криптовалутите, треба да направите дополнителни истражувања и да разговарате со правен финансиски советник. Јас сум крипто ентузијаст, а моите мислења во врска со криптовалутите се едноставно образовни и информативни.

Што е Монеро?

Mонеро е валута од отворен вид, ориентирана на приватност на нејзините корисници. Монеро е изградена и работи на концептот на блокчејн како и другите криптовалути. Блокчејнот на Монеро е намерно конфигуриран да биде нетранспарентен. Деталите за трансакцијата, идентитетот на испраќачите и примателите и износот на трансакцијата се анонимни. Заедно со анонимноста, процесот на рударство или копањето за Монеро, се заснова на принципот дека сите луѓе се еднакви и заслужуваат еднакви можности. Во нашиот случај сите единици или монети се еднакви во однос на нивната историја за што биле претходно користени. Монеро поддржува процес на рударство, каде што поединците се наградени за своите активности со приклучување кон рударските базени, или можат да копаат поединечно. Рударствоо или копањето на Монеро може да се изведува на стандарден компјутер и не бара специфичен хардвер, како што се интегрираните кола за специфични апликации (ASICs).

Како е Монеро различна од Биткоин?

Биткоин работи на протокол кој се обидува да го заштити идентитетот на учесникот користејќи псевдоним  адреси. Овие псевдо адреси се случајно генерирани комбинации на букви и броеви. Овој пристап нуди ограничена приватност, бидејќи и адресите на Биткоин и трансакциите се регистрирани на блокчејнот, што ги прави достапни за јавноста. Дури и псевдонимните адреси не се целосно приватни.

Друга предност на Mонеро над Биткоин е разменувањето, што значи дека секоја поединечна единица на валута може да се замени со друга. Тоа значи дека секоја монета има еднаква вредност. Историјата на трансакциите на индивидуалните биткоини е запишана на блокчејнот и монетите кои се поврзани со одредени настани, како кражба, измама, коцкање може да се избегнат од страна на трговците и размените. Mонеро со својата историја на трансакции која што не може да се следи, им нуди на учесниците многу побезбедна мрежа, а исто така нема разлика помеѓу две монети една од друга, каде и двете се еднакви во очите на трговците. Без оваа функција која ја нуди Монеро, продавачот кој прифаќа криптовалути може да одбие единица или монета поради нејзината историја.

Поради оваа приватност, Mонеро се повеќе се прифаќа од нејзиното пуштање. Темните интернет-продавници како AlphaBay и Оasis ја прифатија оваа криптовалута поради големата побарувачка. По усвојувањето на Монеро, овие два мрачни веб пазари ги испровоцираа медиумите.

 

Како функционира пазарот на Монеро?

Пазарот на “Монеро” функционира како и другите криптовалути. Луѓето кои се заинтересирани да инвестираат во оваа криптовалута може да ја купат преку некои популарни менувачници како Poloniеx , Bitfinex и Kraken. Poloniex беше првата од овие менувачници што ја понудија валутата во јули 2014 година. Bitfinex следеше во ноември 2016 година, наведувајќи размена помеѓу  XMR / USD и XMR / BTC трговски парови и овозможувајќи депозити и повлекувања на Монеро. Kraken понуди Mонеро тргување во Јануари 2017 помеѓу  XMR / USD, XMR / EUR. Кракен го пофали Монеро во тоа време, пишувајќи на својот блог дека Монеро валутата како “Тргување со голем обем и ликвидност”.

Mонеро користи алгоритам за доказ за работа. Времето за еден блок е околу две минути. Mонеро им нуди на рударите “постојана блок награда” од 0,3 XMR.

Поради својата приватност, Монеро е доста поврзувана со тргување со дрога, коцкање и многу други нелегални работи. Неодамнешните извештаи од CNBC велат дека хакерите создаваат малициозен софтвер кој ги инфицира компјутерите да копаат Монеро и ги испраќа во Северна Кореја. Исто така, извештаите покажуваат дека Android телефоните и телевизорите биле хакирани за да го олеснат рударството на “Монеро” .

Заклучок

Сите криптовалути се многу шпекулативни. Mонеро е една од нив, особено поради нејзината приватност се поврзува со нелегални активности.Иако атрибутите на приватност што ги има Монеро , помогнале да стане 13-та најголема криптовалута во светот, врз основа на нејзината пазарна капитализација од февруари 2018 година, според CoinMarketCap. Mонеро се тргува на некои од водечките менувачници како Kraken, Poloniex и Bitfinex. Цената на Монеро ќе зависи од понудата и побарувачката. Сегашната цена на Mонеро е 94,76 долари. Ова ја прави Монеро не многу скапа монета за инвестирање. Повторно, консултирајте се со финансиски советник, пред да направите чекори кон инвестирање во Mонеро или било која друга монета.

 

До следната статија ... НЕ БРЗАЈТЕ!

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук:             http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог:   https://darkokipariz.blogspot.com/