Бордот на извршни директори на Светска банка денеска го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа во Македонија.
Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како и слабиот квалитет и фрагментацијата на социјалните услугите и раното детско образование и грижа. Проектот ќе ја подобри подготвеноста за училиште, што е клучно за развој на животни вештини и за зајакнување на конкурентноста на економијата на долг рок, се посочува во соопштението од Светска банка.