finansijska_isplativost_080311Речиси сите имаат некој вид на лично финансиско планирање, но само неколку имаат јасен и добро зацртан пристап кон постигнување на своите цели. Во продолжение е преглед на четирите категории на финансиски однесување.

  • Перфекционисти ( Опсежни планери ) – Овие луѓе го знаат точниот начин да се постигнат финансиските цели, без разлика дали тие сами планираат или користат помош на професионални планери. Не само што имаат буџет за домаќинство, кој вклучува заштеда за пензија и осигурување, туку и работат во насока на остварување на одредени планови за штедење.
  • Сонувачи ( Основни планери ) – Повеќето од луѓето спаѓаат во оваа категорија. Тие имаат одредени цели и тие имаат идеја за она што сакаат да се постигне, но се уште не ги имаат разработено сите детали. На пример, може да имаат планови да се заштеди за пензија или образование, но не имаат се ставено заедно во форма на план.
  • Луѓето кои одолговлекуваат  ( Ограничени планери ) – Тие едвај вложуваат минимум во планирањето. Повеќето имаат буџет или план во врска со штедење, но не и двете. Нивното сеопфатно финансиско однесување не е многу различено од оние кои немаат план.
  • Залутани ( Непланери ) – Во оваа група, луѓето некако лебдат од сметка до сметка без стратешки пристап за управување со парите. Не поседуваат сеопфатен финансиски план, а само помалку од 1% од истите го развиваат во следните 12 месеци. Тие немаат план да се постигнат конкретни планови за штедење. Обично имаат повисок долг на кредитна картичка, а половина од нив немаат план за плаќање на истиот.

Заклучок?

Да, планерите се со поголема веројатност дека ќе заработат повеќе пари, но до донесувањето добри одлуки не се доаѓа со пари. Без оглед на нивниот приход, планерите подобро ги остваруваат своите финансиски цели одколку непланерите.