Сите членки на ЕУ имаат пропишан минимален износ на пари потребни за престој во нивната земја, а со тоа и способност да ги контролираат патниците и да не им дозволат да влезат во земјата.
Случајот со Лилјана Мохариќ, српски државјанин, што пред неколку дена со нејзиното деветмесечно бебе беа депортирани од Белгија во Подгорица затоа што немале доволно пари да останат во ЕУ предизвика големо внимание во јавноста. Отвори многу прашања – дали за земјите кои не се членовите се применуваат некои нови правила или Европа започна со имплементирање на построги регулативи кои долго време се заговарани против мигрантската криза и построга гранична контрола, пишува Политика.
Дискреционото право на граничната полиција
Иако повеќето граѓани го немаат ова искуство, истражувањето “Потрошувачи” покажува дека ова практично може да се случи со секој што патува во земјите на ЕУ. Секој граничен полициски службеник, како што е наведено во документот на ЕК што ја регулира оваа област, има дискреционо право да го забрани влезот во земјата поради оваа причина. Но, бидејќи барателите на азил во бранови одат во Европа, некои држави се чини дека ги заостриле контролите.
Сите членови имаат свои правила и пропишан минимален износ на пари потребни за престој во нивната земја. На пример, за влез во Франција, се потребни 120 евра, за секој ден, пишува “Политика”.
За Хрватска 70 и Унгарија 30 евра
Се чини дека Романците се најтешки бидејќи не прифаќаат банкарска изјава или кредитна картичка, туку само пари. Така, еден патник бил вратен од границата, бидејќи имал 450 евра, а требало да има најмалку 500 еур т.е 50 евра дневно. За Хрватска потребно е да се обезбедат 70 евра дневно, а за Унгарија 30 евра. Слични правила важат и за Грција, па предвидуваат 50 евра на ден, но за петдневен престој има „попуст“ до 300 евра. Ако туристите се малолетни – износот се преполовува. За повеќето земји на ЕУ, просечниот износ е околу 50 евра. Тука отстапува само Франција каде износот е драстично повисок. Во Италија износот се намалува, што подолг е престојот, така што 280 евра треба да се имаат за пет дена. И за Германија, има минимален износ од 45 евра на ден.