Странските гости годинава ќе донесат околу 400 милиони долари во земјава.

Според стаситика, девизниот прилив од туризмот до април 2018 бележи раст од над 26%. Бројот на туристи постојно расте, а уште лани беше надминат таргетот кој што Македонија требаше да го исолни до 2020 година. Ќе има над милиони туристи и над 3 милиони ноќевања.

Најпосетена дестнација во земјава во последните години е Охрид, а најбрз раст бележи езерскиот туризам.

Денеска, по повод светскиот  ден на туризмот, признанија добија објектите кои придонесуваат туристите да сакаат да дојдат во земјава.

Во најатрактвината дестинација во земјава, за најдобар хотел е прогласен Силекс од Охрид.

Освен  хотелите од езерски туризам, награди денеска добија и најуспешните објекти за градски, планински туризам, спа хотели како и угстителски објекти.