Ова е најголемото портфолио на лоши кредити кои се купени до денес во банкарскиот сектор во земјата
Најголемата бугарска банка по актива – “Уникредит Булбанк” продаде портфолио со нефункционални кредити со номинална вредност од речиси 250 милиони евра на Агенција за наплата ЕАД (АСВ), дел од норвешката B2Holding ASA.
Ова е најголемото портфолио на нефункционални кредити кои се купени до денес во банкарскиот сектор во земјата. Пакетот вклучува необезбедени и обезбедени заеми на поединци, мали и средни претпријатија и корпоративни клиенти.
Трансакцијата се очекува да заврши во октомври, се вели во соопштението за печатот од АСБ.
Ова е трета зделка во Бугарија меѓу АСВ и “Уникредит Булбанк” за последните две години. Во јануари 2017 година АСВ стекна портфолио со нефункционални обврски на корпоративните клиенти на банката со номинална вредност 93 милиони евра. Подоцна таа година, агенцијата откупи заем од 84 милиони евра од банката. Сите трансакции се дел од планот на италијанската банка за продажба на нефункционални активи.
“Агенција за наплата” ЕАД е најголемата компанија за откуп на побарувања во Бугарија и меѓу најактивните играчи во секторот во Бугарија и Романија. Во 2017 година средствата на компанијата се зголемиле трипати до над 62 милиони лева, а приходите од нејзиното работење се зголемиле за 18% до 22,3 милиони лева. Од почетокот на својата дејност од крајот на 2010 година до сега АСВ има откупено повеќе од 500 илјади обврски, а нејзиното бруто портфолио е над 800 милиони лева пред новата зделка.