Еуростандард банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на следната работна позиција:
СОРАБОТНИК ЗА ПРОЦЕНА – ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ
(1 извршител)
КРАТОК ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- извршува работи и работни задачи во врска со вршење на процена на недвижен имот и/или машини и опрема
- континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на данокот на имот, процена и други акти кои се однесуваат на односната проблематика.
- врши работи на процена на пазарната вредност на недвижен имот и/или машини и опрема
- изготвува анализи, извештаи и информации за работите од својата надлежност
- врши стручна обработка на прашањата што се од значење за примената на законските одредби.
- одговара на судски вештачења
- врши работи на следење и ажурирање на осигурувањата на имот (недвижен имот машини и/или опрема) и обновувања на полисите за осигурувања за потребите на секторите во Банката.
- изготвува анализи, информации и други материјали
- врши други работи по налог на Раководителот на Дирекцијата
- одговара на Раководителот на Дирекцијата
УСЛОВИ ШТО СЕ БАРААТ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:
- Високо стручно образование
- Најмногу 5 години работно искуство, од кои 3 како проценител
- Лиценца во областа за процена на недвижен имот и/или машини и опрема
ПОТРЕБНИ СПОСОБНОСТИ:
- Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
- Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
- Иницијативност;
- Професионалност, одговорност и трпеливост.
Работниот однос е на определено време, за период од 12 месеци со можност за продолжување.
Работно време од 8:00-08:30 до 16:00-16:30 часот од понеделник до петок.
Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: [email protected]