Дубаи – Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати наскоро ќе потпишат договор за обезбедување на финансиска поддршка од Бахреин од 10 милијарди долари, објави во денес во Кувајт весникот “Ал Раи”, цитирајќи неименуван дипломатски извор во Заливот.
Договорот ќе биде потпишан во Бахреин откако министрите ќе ја завршат својата сегашна посета на Јордан, каде што склучуваат договор за финансиска помош за таа земја, објави весникот.
“Одлуката на заливските земји на највисоко ниво беше преземена за да ги почне чекорите за извршување на програмата за поддршка на финансиската стабилност на Бахреин”, се цитираат дипломатски извори.
Меѓународните цени на берзата и валутата на Бахреин се под притисок оваа година, бидејќи кралството води фискална и дефицитна тековна сметка делумно предизвикана од ниските цени на нафтата.
Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, кои се дипломатски сојузници на Бахреин, во јуни објавија дека разговараат за голем пакет на помош за кралството кое би било поврзано со нејзиниот напредок во реформирањето на своите финансии.
Извори во Бахреин минатиот месец за Ројтерс изјавија дека владата планира да ги спроведе реформите преку парламентот пред изборите на 24 ноември во собранието. Тие вклучуваат наметнување на данокот на додадена вредност и промени во пензискиот систем,
Ал Раи не даде детали за пакетот помош. Извори за Ројтерс изјавија дека процесот ќе трае повеќе од неколку години.
Пакетот од 10 милијарди долари ќе биде вреден околу една четвртина од годишниот бруто домашен производ на Бахреин и 28 отсто од јавниот долг и ќе покрие повеќе од две години дефицит на државниот буџет според проекциите на Меѓународниот монетарен фонд.
Тоа нема да предизвика значителен притисок врз комбинираните финансии на Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, кои имаат стотици милијарди долари во нивните суверени фондови за богатство, и со трговијата со нафта од над 80 долари за барел, забележаа дека нивните дефицити остро ќе се намалат или ќе исчезнат во наредните месеци.