На почетокот за 2014 година се предвидуваше дека ќе биде година на мноштво големи глобални визии. Многу од овие глобални визии се до неодамна се мислеше дека се незапирливи.
Една од визиите беше дека по студената војна Русија би можела економски да се интегрира со западот. Меѓутоа санкциите против Русија по настаните во Крим и Украина ја погребаа таа идеја.
Во меѓувреме, глобалните напори за справување со климатските промени е јасно дека изгубија на интензитет, моќта на ОПЕК да се стабилизира цената на нафтата се чини дека исчезна. Сепак со оживувањето на економијата на САД се помагна да се неутрализира забавувањето на растот во Европа, Јапонија и Кина.
Значи, како ќе се движи светската економија во 2015 година?
“Позитивни се основите за импулсот во глобалната економија да се подобри во текот на 2015 година”, рече Nariman Behravesh, главен економист во IHS, кој очекува глобалниот раст да изнесува 3 %. IHS ја истакна својата листа на економски предвидувања кои ја сочинуваат нивната глобална перспектива:
- Американската економија ќе продолжи да се движи напред – Најголема економија во светот ќе продолжи да ги надминува своите врсници, управувана од зајакнување на домашната побарувачка, особено потрошувачката. Вклучувајќи силен раст на нови работни места, подобрување на финансиите на домаќинствата и ниските цени на гасот. Растот на економијата се очекува да биде во опсег од 2,5 % до 3 %.
- Еврозоната ќе продолжи да се бори со слабиот раст – Еврозоната ќе продолжи да се бори со слабиот пазар на трудот, но комбинацијата на ниските цени на нафтата, послабото евро, олеснувањето на должничката криза ќе им помогне да го зголемат растот. Очекувајте многу скромно зголемување на растот од 1,4 % во 2015 година.
- Јапонија ќе излезе од рецесија – По страдањето преку својата четврта рецесија во шест години, јапонската економија ќе се врати во позитива во 2015 година, но само околу 1 % раст. Економските мерки кои ги спроведува Банката на Јапонија и дополнителни владини стимулации, во комбинација со пониски цени на енергијата, ќе и помогнат на Јапонската економија да се врати во позитивна територија.
- Кинеската економија ќе го задржи забавувањето – Понатамошна поддршка од монетарната и фискалната политика на Кинеската влада и Централната банка на Кина нема да биде доволно за да се спречи слабиот раст од понатамошно ослабување на 6,5 отсто следната година, вели IHS. Секпак на „сиромашните” стапки на раст по стандардите на Кина, им завидуваат сите големи економии.
- Економиите во развој ќе продолжат со раст – Кај повеќето економии во развој ќе видиме подобро раст во 2015 година, благодарение на поевтината нафта, поттикот од зголемената глобална ликвидност, како и забрзувањето на САД и европскиот раст. Русија, сепак, ќе биде слаба точка, се опоравува поспоро од санкциите, намалувањето на цените на нафтата, и одливот на капитал, вели IHS
- Падот кај основните суровини ќе продолжи – Цената на нафтата се намали за околу 40 проценти од летото во услови на изнемоштена глобалната побарувачка дополнето со силниот раст на понудата. Кина останува клучен фактор на страната на побарувачката, вели IHS, истакнувајќи дека омекнувањето на нејзиот раст веројатно ќе се претвори во уште една рунда на намалувања на цените. Се предвидува дека цените на основните производите ќе се намалат за 10 проценти во просек следната година.
- Дефлациска закана – Дефлационите сили се најсилни во развиениот свет со паѓањето на цените на основните суровини и на глобалниот анемичен раст. Исклучок се пазарите во развој, како што е Русија, кај кои има остар пад во нивните девизни курсеви, и како резултат на тоа, скок на инфлацијата.
- Доларот ќе остане крал – Американскиот долар ќе продолжи да расте врз основа на растот на Американската економија.