Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (14.2%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и
рибарство (10.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%), Рударство и вадење на камен
(2.0%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината
(1.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари.