БРИСЕЛ (Ројтерс) – Италијанскиот министер за финансии, Џовани Триа, денес (понеделник) рече дека буџетот на земјата за следната година нема да се смени и покрај повиците од членките на ЕУ и Комисијата на ЕУ да го изменат, така што тоа ќе биде во согласност со законите на Европската унија.
Буџетот “нема да се промени, но ние разговараме” со Комисијата на ЕУ, рече Триа за новинарите по состанокот на министрите за финансии на еврозоната, за време на кој беше побарано да го сменат експанзивниот буџет.
Триа, исто така, рече дека го предвидува италијанскиот долг да падне со тековниот буџет кој го зголемува дефицитот на земјата. Комисијата верува дека големиот долг на Италија ќе се зголеми ако буџетските планови не се ревидираат.