Оваа година, Преспанскиот регион, за жал, се соочува со ценовна и природна катастрофа.
Природната катастрофа дојде малку порано во вид на град кој го оштети и редуцира овогодинешниот, иначе, богат род. Оставени сами на себе, преспанци повторно во проблеми со осигурителните компании кои или не им признаваат оштета или многу мала оштета им потврдуваат, ја продолжија борбата за егзистенција.
Потоа , настапи ценовната катаклизма каде покрај скоро никаквиот откуп, цената на паднато јаболко во моментов се движи во фантастични 2 килограми јаболка за, верувале или не, 1 (еден) денар ?!?
Без никаква помош од државата, осигурителните компании или било кој друг, преспанци – традиционално, ќе се обидат да испловат и оваа година. Но оваа негрижа не поминува без да остави трага. Таа трага се согледува во се помалата мотивација и ентузијазам во преспанскиот регион, како и се помалите површини под јаболков насад.