Стратегијата на ЕК бара начини за одржлив развој на “зелената” економија
Европската комисија (ЕК) ја објави својата нова стратегија за развој на био-економијата на 11-ти октомври, барајќи начин да го мапира патот на Европа кон зелена јаглеродна иднина. Покрај проблемите со изнаоѓање алтернативи за нафтата и нафтените продукти, стратегијата се однесува на широк спектар на предизвици за храна и безбедност на храна, пишува Еурактив.
Уделот на биоекономијата во бруто додадената вредност на Европската унија (ЕУ) се проценува на 4,2%, а европските законодавци посветуваат поголемо внимание на ова прашање.
“Нашата стратегија за биоекономика е насочена кон проширување во сите сфери на општествениот живот и економијата”, изјави Џон Бел, директор на биоекономика во DG Research and Innovation.
Тој додаде дека главната цел на стратегијата не е да се создаде одредена технологија или да се стимулира иновацијата, туку да се решат голем број циклични проблеми.
Лансирана пред пет години, стратегијата за биоекономика на ЕК првично е разгледана како начин да се изгради патот кон пост-нафтена енергетски независна Европа.
Значењето на стратегијата се промени и сега одржливоста е главниот фактор зад него.
“Она што го направивме беше да ја преиспитаме нашата стратегија за биоекономика, како и новите приоритети, и стигнавме до заклучок дека нема да е доволно само да бараме варијанти на замена на нафтата и нафтените производи”.
Новата стратегија успева да се развива во рамките на целиот агро сектор кој сочинува 75% од целата биоекономика на ЕУ, и две третини од нејзината бруто додадена вредност.
“Јасно е дека биоекономиката, ако дејствуваме правилно, може да влезе во повеќе аспекти на европската економска реалност”, смета еврокомесарот за земјоделството и рурален развој Фил Хоган.
Потенцијалот на европската прехранбена индустрија да се движи кон поодржлива и кружна био-економија е неизмерлив, рече ЕК.
Целиот прехранбен систем веќе трпи сериозна трансформација, целта е да испорачува квалитетна и безбедна здрава храна додека се проширува кон одржлив систем, редуциран од штетното влијание од енергетскиот сектор, како на обработливата површина, така и врз климатските промени.
Проценето е дека околу 88 милиони тони храна во вредност од 143 милијарди евра се фрла годишно во рамките на ЕУ, што е еквивалентно на околу 20% од вкупно произведената храна.
Земјоделскиот сектор има зголемено производството со речиси 9 отсто од 2005 година, откако ограничени емисиите на стакленички гасови се намалија за 21% од 1990 година, редуцирањето на користење на ѓубрива сеуште останува најголемиот извор на стакленички гасови, метан и азотен оксид.
Храна, пијалоци и земјоделско производство се главните фактори во био-економијата и имаат најголем удел во бруто додадената вредност во споредба со другите сектори.
Индустриската асоцијација FoodDrinkEurope изјави дека ја поддржува ЕК во промовирањето на кругови одржлива економија и поради тоа го поздрави ажурирањето на стратегијата за биоекономика во неодамнешните законски промени.
Ажурираната стратегија за биоекономиката како главна цел ја има безбедноста на храната, како и потребата од развивање на програма за одржлив систем за производство на храна, како и земјоделски системи, шумарство и безопасна биопродукција при кружни економија.
Оваа програма ќе ги ангажира сите учесници во системот на храната и земјоделството, вклучувајќи мали и средни претпријатија од областа и индустриите, како се фокусираат на имплементација на иновации и решенија за одржливи системи за храна и земјоделски системи.
Стратегијата ќе стави фокус на хранливиот отпад, загубите и страничните производи (вклучувајќи го и рециклирањето на храната), одржливоста, потребата од производство на здрава храна и зголемувањето на производството на аквакултура.
“Тоа е индустрија на иднината”, смета Метју Фламини, поранешен фудбалски играч кој сега цврсто се залага за биоекономиката, коосновач на компанијата GFBiochemicals која произведува левулинова киселина од која може да се произведуваат растителни производи и отпад.
Според него, биотехнолошките компании со големи обработливи површини веќе имаат можност да го развијат својот бизнис во сите сфери на јавниот живот и економијата.