Анализа на финансиските резултати на СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје
за период 01.01.2018 – 30.09.2018 година

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје (во натамошниот
текст: СБ) оствари финансиски резултат во износ од 2.589.629 илјади денари, што преставува
зголемување за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година.

Зголемениот резултат пред исправка на вредност се должи на успешното редовно работење, пред
се на зголемените нето приходи/(расходи) од камата како и нето приходи/(расходи) од провизии и
надоместоци. Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи
и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се
соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на
вредност. За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите
побарувања, кој се реалзираше во текот на март 2018 година по што се изврши и ослободување на
извршената исправка во 2017 година.

Биланс на успех

Нето приходите од камати изнесуваат 2.828.049 илјади денари и се зголемени за 2,2% во однос на
истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа
зголемување од 0,2%, додека расходите од камати забележаа намалување од 9,8%.
Нето приходите од провизии и надомести изнесуваат 750.862 илјади денари и се повисоки за 3,2%
од истите во 2017 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од
картично работење.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 78.749 илјади денари и се намалени за 0,9% во
однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалените маргини во овој
сегмент.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 5,4%, соодветно и останатите расходи
од дејноста забележаа намалување за 5,7%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 618.397 илјади денари.

Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна
резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 70.366 илјади денари најмногу
како резултат на успешното разрешување на статусот на должникот Фени Кавадарци.
Како резултат на продажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања СБ
покажа приходи во износ од 115.042 илјади денари во позицијата Загубата поради оштетување на
нефинансиски средства, на нето основа.

Билансот на состојба

Вкупната актива на СБ изнесува 89.934.669 илјади денари, која е повисока споредено со крајот на
2017 година за 3.583.493 илјади денари или 4,1%. Зголемувањето на активата е резултат на порастот
на кредитите и побарувањата од други комитенти кои изнесуваат 62.766.246 илјади денари и се
повисоки за 2.109.048 илјади денари или 3,5% во споредба со крајот на минатата година, како и на
зголемувањето на паричните средства и парични еквиваленти кои споредено со крајот на 2017
година се повисоки за 945.842 илјади денари односно за 5,3%.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 194.037 илјади денари и бележат зголемување
во однос на крајот на 2017 година од 34.498 илјади денари.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 6.650.681 илјади денари, и се повисоки за 420.160
илјади денари или 6,7%.

Превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 63.170 илјади денари.
Имено, во истиот период позицијата депозити на други комитенти која изнесува 74.413.486 илјади
денари забележа пораст во однос на крајот на 2017 за 3.533.048 илјади денари или 5,0%.
Капиталот и резервите изнесуваат 14.044.869 илјади денари при што е забележано зголемување за
3,0% во однос крајот на 2017 година.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постојки и опрема) или
значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни
ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата заклучно со 30.09.2018 година бележат намалување во однос на крајот
на 2017 година за 7.882 илјади денари односно 0,9%, како резултат на пресметана амортизација.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30%
споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 289.389 илјади денари и се помали во однос на крајот на 2017
година за 29,3% што се должи на отплатени доспеани рати по основ на кредитните линии.

СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје ќе го продолжи своето работење во рамките на зацртаната
проекција на деловната политика, фокусирана пред се на обезбедување на понуда на производи и
услуги наменети на своите клиенти, а истовремено ќе работи и на воведување на иновации
следејќи ги процесите и трендовите во светот. Исто така, Банката ќе продолжи со своите
општествено корисни активности преку организирање на настани и манифестации од вредност и
значење за пошироката општествена заедница.

Очекувања за престојниот период

Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во последниот квартал
на 2018 година, се очекува да бидат слични како првите три квартали од 2018 година. И покрај
континуитетот на макроекономската стабилност, не се очекува драстично забрзување на
економскиот раст на македонската економија во 2018 година. Банката ќе ги преземе сите
неопходни активности за остварување на поставените цели и задачи во рамките на својата Деловна
политика, при што ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото со
контролиран кредитен раст , при што не се планираат промени во структурата на активата.
Предвидениот пораст на кредитите целосно би се финансирал од депозитната база на банката.
И на страната на изворите на финансирање структурата се планира да се задржи, така што
депозитите на нефинансискиот сектор и натаму ќе останат доминантни во вкупните извори на
средства.

Известување за промени во сметководствените политики и методи на вреднување
Податоците во приложените финансиски извештаи на Банката се изготвени во согласност со
Законот за трговски друштва, Законот за банки, подзаконската регулатива пропишана од страна на
Народна банка на Република Македонија (во понатамошниот текст “НБРМ”), како и во согласност
со Одлуката за Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за
подготовка на финансиските извештаи (во понатамошниот текст “Методологија“) („Службен весник
на РМ“ бр. 83/2017) и Одлуката за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките
(„Службен весник на РМ“ бр. 83/2017), пропишани од страна на НБРМ и кои се во примена од 01
јануари 2018 година.

Банката, во согласност со барањата на Методологијата за нејзина првична примена изврши
преоценка на класификацијата на финансиските средства и финансиските обврски со состојба на 31
декември 2017 година и на 1 јануари 2018 година. Ефектот, односно разликите коишто произлегоа
од преоценката на сите финансиски средства и финансиски обврски Банката ги евидентираше како
корекција на почетната состојба на 1 јануари 2018 година на Задржаната добивка/Акумулирана
загуба.
Во рамки на Методологијата е пропишана обврската за пресметка на оштетувањето за кредитен
ризик кој Банката е должна да го утврдува односно проценува и да признава исправка на
вредноста/оштетување за очекуваните кредитни загуби на финансиските средства во согласност со
Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик пропишана од НБРМ.
Во август 2018 година Народната банка на Република Македонија донесе нова Одлука за
методологијата за управување со кредитниот ризик („Службен весник на Република Македонија“
бр. 149/18) која ќе се применува од 01 јули 2019 година. Сепак, за портфолиото на хартии од
вредност Банката започна со примена на новиот стандард ИФРС9 и започна со класификацијата на
ризик и вреднување од 01.01.2018 година.

Исплатени дивиденди

Согласно Одлуката за распределба на добивката на СБ за 2017 година како и Одлуката за
утврдување на висината и начинот на исплата на дивиденда, се утврди исплата на дивиденда на
имателите на обични акции во вкупен бруто износ од 2.042.841.060,00 денари, односно бруто
дивидендата по акција изнесуваше 117,00 денари. Право на дивиденда остварија сите иматели кои
се стекнале со акциите на СБ согласно датумот на пресек на акционерската книга, до 14.06.2018
година.