Словенија во постапката по иницијалната продажба на акции (IPO) продаде 59 отсто од акциите на Нова Љубљанска банка (НЛБ) по цена од 51,50 евра по акција, што државата ќе добие околу 609 милиони евра, објави во петокот најголемата словенечка банка и Словенечкиот државен холдинг( SDH) кој управува со портфолиото на државната сопственост, пишува “Јутарњилист”.
Словенија, на 26 октомври започна процес vo кој до крајот на оваа година требаше да продаде најмалку 50 проценти од НЛБ, и тогаш е објавен спредот на цени од 51,5 до 66 евра по акција. Книгата за нарачки беше отворена до 8 ноември, а денес беше објавена последната продажна цена од 51,50 евра по акција.
Како што беше објавено, од продажбата на 59 отсто од акциите на НЛБ, во државниот буџет ќе легнат нешто под 609 милиони евра. Целата трансакција од продажбата ќе биде завршена следната недела, кога купците ќе ги дозначат парите по распределбата на акциите, а планирано е дека од среда 14 ноември почнува со тргување на акциите на НЛБ на Љубљанската и Лондонската берза.
Повеќето акции беа купени од институционални инвеститори
Поголемиот дел од акциите во ИПО постапката впишаа институционални инвеститори, а малите акционери, по неофицијалните податоци, купиле акции во вредност меѓу 30 и 40 милиони евра.
Најголем поединечен сопственик на НЛБ по продажбата и понатаму останува државата со 40,9 проценти, по што следи фондот “Brandes Investment Partners” со 7,6 отсто и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со 6,3 отсто удел.
Словенија по докапитализацијата на државните банки во екот на банкарската криза, се обврза на Европската комисија дека ќе приватизира три четвртини од банката, и ќе задржи 25 отсто плус една “златна акција”.
Договорот на претходната влада на Миро Церар и на Европската комисија беше Словенија да се обврзе до крајот на годината да продаде најмалку половина од акциите на најсилната словенечка банка, а следната година и останатите акции, со што на крајот земјата ќе остане со 25 отсто плус една акција, која се уште би имала влијание и стратешки важен удел.
Приватизација на крајот
Се проценува дека останатите издадени акции на НЛБ, освен 25 отсто од акциите кој ќе останат во државна сопственост, ќе се продаваат по шест-месечен мораториум, а се очекува да бидат продадени во пакет преку берзата, најверојатно веќе на претходно познати купувачи.
Приватизацијата на НЛБ, која беше соочена со силен лобистички и политички отпор, беше голем проблем на претходната влада, па тогашниот премиер го одложуваше почетокот на приватизацијата се до крајот на неговиот мандат.
Доколку не успееше приватизацијата на најмалку 50 отсто од акциите до крајот на оваа година , НЛБ ќе беше соочена со построги санкции во работењето.