Во 2014 година на богатството на 400 најбогати луѓе во светот се зголеми за 92 милијарди долари, на 4,1 трилиони долари, според истражувањето на агенцијата Blumberg.
Најголем е растот на богатство на кинескиот милијардер Jack Ma, поранешен професор по англиски јазик и ко-основач на Alibaba, неговото богатство во 2014 година се зголеми за 25,1 милијарди долари, што е, како што е наведено, прилично голема промена за еден човек кој ја започна својата работа во сопствен стан во 1999 година и кој до пред некое време беше “тежок” 3.5 милијарди долари.
Неговото богатство скокна до небото по јавната понуда на акциите на Alibaba во септември оваа година, додека богатството на неговиот колега од Alibaba Joseph Tsai се зголеми за нешто помалку од 6 милијарди долари.
Американецот Warren Buffett додаде 13,7 милијарди долари, откако вредноста на неговата компанија Berkshire Hathaway се зголеми за 28 проценти по неколку успешни инвестиции. Warren Buffett со ова зголемување на неговото богатство успеа да го надмине мексиканскиот милијардер Карлос Слим и да стане вториот најбогат човек на планетата.
Третиот најголем пораст на богатство во 2014 година го имаше кинескиот претприемач, Wang Jianlin, чие богатство се зголеми за 13 милијарди долари, благодарение на јавната понуда на акциите на неговата компанија.
Следен е основачот на Фејсбук,Mark Zuckerberg, кој го зголеми своето богатство за малку повеќе од 10 милијарди долари.