Биткоинот падна под 6.000 долари – во период од 1 година – без да им биде јасно на дилерите и на аналитичарите што го предизвикаа овој остар пад, објави Ројтерс.
Биткоинот падна на 5534 долари. За толерантно ниво се смета прагот од 6.000 долари, кој одговара на прагот на профитабилноста за “копање”, забележува Том Ли шефот на аналитичката компанија Fundstrat.
Во декември 2017 година биткоинот достигна врв од речиси 20 000 долари, дури на некои платформи го надмина овој праг. Оттогаш, сепак, тој имеше неколку големи намалувања.
На почетокот на ноември биткоинот помина низ еден од најлошите годишни периоди во кусото 10-годишно постоење, откако нестабилноста на првата и најголема виртуелната валута потона до најниско ниво од речиси 2 години.
Нестабилноста е водечка карактеристика на дигиталната валута, која наполна 10 години кон крајот на октомври, совладувајќи сериозни пречки, додека стана главна класа на дигиталните платежни средства.
Повеќето институционални инвеститори, скептични за нивната способност да ја зачуваат својата вредност на предвидлив начин, го избегнуваа биткоинот во последно време. Во исто време регулаторите во светот ја нагласуваат ценовната нестабилност, кога објавуваат предупредувања кон инвеститорите на мало, засегнати од криптовалутата.
Нестабилноста не дозволи биткоинот да стане начин на плаќање – што беше и неговата намена.
Трговците и инвеститорите сакаат јасност за тоа како регулаторите ќе го третираат биткоинот, како и берзите на кои тој се тргува. Генерално, сеопштиот страв и безизлезноста на валутата генерираат негов пад во цената под 6,000 УСД, што ја пробива и психолошката граница, како и прагот на рентабилност со оглед на постоечките цени на електричната енергија.