Жаклина Хаџи Зафирова од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија на гостувањето во Студио 1 ги откри новитетите од стартувањето на новата веб платформа ПЕП (politically exposed person).
Проектот финансиран од Американската амбасада на новинарите и на граѓаите ќе им обезбеди веродостојни информации за функционерите. Веб платформата ќе биде база на податоци за тоа што тие поседуваат, како и нивното поблиско семејство, дали се инволвирани во некакви бизниси, сопственички удели, дали се накаде акционери, односно сите податоци кои се пријавени во Државната комисија за спречување корупција.
Податоците ќе бидат ажурирани на неделно ниво, а во проектот ќе бидат опфатени и истажувачки стории. Хаџи Зафирова откри дека моментално се скенираат 146 лица, пратеници и министрите, а пото ќе следат градоначалниците.
Најбогат министер е Кочо Анѓушев, а во првите 6 најбогати министри покрај него се и Бектеши, Лика, Димитров, Заев и Асаф Адеми.