БРИСЕЛ (Ројтерс) – Инфлацијата во еврозоната се зголеми во октомври со најбрзо темпо, рекордно за скоро шест години, поттикнато од растот на цените на енергијата, објави денеска статистичката агенција на Европската унија, потврдувајќи ја претходната проценка.
Мереьето на основната инфлација што ја исклучува енергијата и храната беше ревидирано со надолна тенденција.
Еуростат изјави дека потрошувачките цени во 19-те земји кои го делат еврото се зголемија за 2,2 отсто за период од една година во октомври, по 2,1 отсто зголемувањето во септември и 2,0 отсто во август. Тоа беше најголемото зголемување од декември 2012 година.
Остваренета инфлација ја поддржува одлуката на Европската централна банка за ставање крај на ценовната програма за купување на обврзници до крајот на годината, бидејќи инфлацијата сега ја надминува целта на ЕЦБ за раст на цените , блиску до 2 проценти во среднорочниот период.
Во текот на месецот, индексот на цените се зголеми за 0,2 отсто во октомври, во согласност со очекувањата на пазарот, но забави од 0,5 отсто во септември.
Потесниот основен индикатор, кој го следеа многу учесници на пазарот, со исклучок на енергијата, храната, тутунот и алкохолот, беше потврден на 1,1 отсто во годината.
Порастот на главната инфлација најмногу беше резултат на цените на енергијата, кои во октомври скокнаа за 10,7 отсто, додека останатите индустриски производи пораснаа за само 0,4 отсто.
Инфлацијата во секторот на услуги, најголем сектор во економијата на еврозоната, изнесуваше 1,5 отсто во текот на годината, но цените паднаа за 0,3 отсто во текот на месецот.