Руската компанија „Газпром“ донесе одлука гасоводот „Турски поток“ да ја продолжи својата траса низ Европа преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка. Македонија од своја страна дефинитивно е надвор од играта, барем во делот кој се однесува на чистиот економски бенефит. Според планот низ оваа гасоводна линија годишно трева да се доставуваат 31 милијарди кубни метри гас за потрошувачите во Европа.