Фирмите и земјоделските задруги имаат 13,2 милиони евра на располагање. Парите се преку ИПАРД 2 програмата и се наменети за отворање нови или осовременување на постоечките преработувачки капацитети. Апликантите ќе можат да добијат 50% од врндоста на инвестицијата, како неповратна помош ако инвестираат во капацитети за преработка на месо, млеко, овошје, зеленчук, вино, риба. Поддршката ќе биде за 10% поголема ако инвестицијата е во изградба на објекти  со поголема енергетска ефикасност, за производство на биоенергија или затретман на отпадни води.

Повикот за аплицирање е отворен од денеска  до 14 јануари. Од овие 13,2 милиони евра 75% се европски, 25% се од домашниот буџетот.

Ова е втор повик од ИПАРД 2 програмата преку која на располагање на македоснкиот аграр се околу 80 милиони евра. Досега се реализирани 18 милиони евра по првиот повик за кои беа склучени 940 договори. Подобра искористеност на европските пари е приоритет за Владата. Затоа со буџетот за идната година е зголемено домашното кофинансирање од досегашните 975.000 евра на близу 2,5 милиони евра.