Настанот еднаш привлече 800.000 посетители, а минатата година имаше 120.000, од кои само две третини платија билет

Ова е крај на една институција: Германската Deutsche Messe AG, организатор на голем број саеми во федералната република, се откажува од технолошкиот саем Cebit. И тоа веднаш – дури планираниот настан за идната година, на крајот на јуни, нема да се одржи, објави компанијата во средата, цитирана од Handelsblatt.

“Со оглед на намалените резервации на штандови”, поврзани со индустријата, темите ќе се интегрираат во Hannover Messe, појасни Deutsche Messe AG. Покрај тоа, компанијата има намера да развие специјализирани настани кој ќе се насочува кон лицата кои донесуваат одлуки во одредени сектори. Конкретно решение за ова ќе биде преземено во следните неколку недели.

“Во последните неколку години германската економија постојано разговараше за преклопувањето на Cebit и Hannover Messe”, објасни Јоаким Коклер, претседател на бордот на директори на компанијата. Новиот концепт не успеа да престане со надолната тенденција во однос на бројот на посетителите. Истото важи и за смалувањето на резервациите на изложбениот простор, – изјави групацијата.

“Одржливоста на саемот се намалува со ширењето на дигитализација и другите технолошки трендови – во сите сектори”, вели Бернд Алтусман, министер за економија на Долна Саксонија и претседател на надзорниот одбор на Messe AG, цитиран од Handelsblatt. “Значи треба да се дејствува брзо и го ние тоа го направивме “.

Според Ханделсблат, настанот, исто така, се закани дека ќе постане финансиски ризик. “Од денешна перспектива, Цебит 2019 ќе биде голема загуба. Дури и во долгорочна перспектива не се очекува подобрување “, се вели во изјавата, цитирана од Hannoversche Allgemeine Zeitung.

Според соопштението, загубата за следната година ќе изнесува околу 5 милиони евра, главно поради намалувањето на резервациите. На пример од шесте премиум партнерот три – IBM, Salesforce и Huawei побарале да го прекинат своето учествоа на настанот. И останатите три компании, “Фолксваген”, “САП” и “Водафон”, планираа да инвестираат значително помалку.

Покрај тоа, од вкупно 120.000 посетители минатата година, само околу две третини платиле билет, пишува Ханделсблат. Под овие услови, проширувањето на саемот ќе биде агонија.

Суспензијата ќе има сериозни последици за вработените: извршниот директор на Цебит, Оливер Фреш, ќе ја напушти компанијата. Според информациите на Ханделсблат, тој мора да замине, бидејќи тој не ги постигнал своите цели. “Штета е да се изгуби таков искусен организатор и извршен директор”, вели Бернд Алтусман.

Со години, саемот се бори со намалувањето на бројот на посетители и падот на важноста. Оваа година организаторите се обидоа да му дадат нов изглед како “водечки европски настан за дигитална технологија” и, исто така, го преместија за летната сесија во месец јуни во однос на традиционалниот март. На него беа претставени роботи и автономни автомобили, а софтверскиот гигант SAP придонесе за празничната атмосфера со огромно Ферис тркало. Наместо да вложуваат на класични изложбените штандови, организаторите се обидоа да постигнат поинакво чувство на кампусот, со манифестации на отворено и тезги за улична храна.

Cebit сепак успеа да привлече само 120 000 гости со новата форма, што е значително помалку во однос на 2017 година, кога нивниот број беше 200 000, прецизира DPA.

Но, во тоа време, CeBIT беше најголемата компјутерска изложба во светот, поздравувајќи ги стотиците илјади посетители секоја година. На врвот на својата популарност околу 2000 година, форумот привлече 800.000 посетители, а компаниите како Nokia и Microsoft претставуваа иновации од светска класа.