Џон Вилијамс предвидува економски раст од 2,5% следната година
Во 2019 година ќе има нов пораст на клучните каматни стапки од страна на Федералните резерви, рече Џон Вилијамс, една од клучните личности во Централната банка на САД, цитиран од Ројтерс.
“Ова ќе стане реалност, бидејќи американската економија не се наоѓа во многу добра форма”, додаде тој.
Се очекува до крајот на декември ФЕД повторно да ги зголеми основните каматни стапки, како и намерата да ја заостри монетарната политика уште три пати во текот на следната година.
Вилијамс, кој е еден од главните застапници на оваа политика и сојузник на гувернерот на Банката на федерални резерви Џером Пауел изјави дека постојат многу знаци кои опишуваат еден “силен” и здрав пазар на трудот.
Тој предвидува економски раст од околу 2,5% во 2019 година
“Со оглед на оваа перспектива мислам дека постои стабилен и силен раст, здрав пазар на трудот и инфлација, блиска до нашите цели, и ако се земат предвид сите ризици околу проекциите, продолжувам да тврдам дека понатамошното постепено зголемување на каматните стапки ќе охрабри најефективно одржлив економски развој “, истакна Вилијамс.