(Ројтерс) – Кинеската компанија Huawei Technologies Co Ltd се согласи на барањата на безбедносните служби на Обединетото Кралство да ги решат ризиците пронајдени во својата опрема и софтвер, во обид да избегнат да бидат исклучени од идните телекомуникациски мрежи од 5G, објави во утрово “Фајненшал тајмс”.
На состанокот оваа недела помеѓу извршните директори на Huawei и високи претставници од Националниот центар за сајбер безбедноста на GCHQ, телекомуникацискиот оператор се согласи на серија технички барања кои ќе ги променат своите практики во Велика Британија, објави ФТ, цитирајќи две лица информирани во врска со дискусиите .