Цените на биткоинот  би можеле да паднат на ниво што не се случило од мај 2017 година изјави аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун, предвидувајќи дека биткоинот би можел да падне до 1.500 долари, значително пониски од очекувањата на повеќето трговци.

“Биткоинот е фатен во силен тренд на продажба”, се вели во анализата. “[Овој тренд] е најизразен од продажбата што ја спроведе во средината на годинава, кога цената се намали од околу 9.300 долари во мај до околу 6.600 во јули, според Индексот за движење на цените. Ако тој пад е показател за тоа како работите би можеле да се одвиваат, биткоинот би можел да биде во континуирана патека кон 1.500 долари “.

Биткоинскиот мечешки тренд започна претходно минатиот месец, при што цените паѓаа речиси за 2,100 долари во текот на првата недела. Нурнувањата доаѓаат како кулминација на тешка година за пазарот на криптовалути. Иако биткоинот, прва крипто-монета во светот, се стабилизираше во текот на минатата недела, продажбата продолжи вчера, при што цените паднаа за дополнителни 200 долари до 4.000 долари.