Кинеската централна банка денес предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физичките пари и не е фер кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање.

Нивните коментари, направени во пост на својот официјален WeChat профил, доаѓаат откако електронските плаќања преку Alibaba, групацијата Alipay или WeChat на Tencent Holdings станаа сè попопуларни во Кина, каде што се прифатени на платформи како што се јавниот превоз и кај трговците на мало или кафулињата.

Леснотијата на користење значеше дека некои продавачи, особено во големите градови како Пекинг и Шангај, престанаа да примаат физички пари.

“Електронското плаќање ни даде нов начин да платиме, но не смее да ги замениме готовинските плаќања”, рече Народната банка на Кина. “Со текот на времето, практиката може да стане мејнстрим и луѓето да ја изгубат довербата во готовина.

Тие додадоа и дека тоа е особено неправедно за старите лица и луѓето кои живееле во неразвиените делови на земјата, кои би имале потешкотии во совладување на процесите потребни за електронско плаќање.

Централната банка, исто така, истакна дека некои локални власти ги промовираат своите технолошки достигнувања со наслови како “безготовински град”, но рече дека ова не значи дека тие повеќе не прифаќаат пари.