Даблин – Ирскиот гувернер на централната банка, Филип Лејн, во неделата изјави дека лошите заеми што ги поседуваат комерцијалните банки во земјата претставуваат “национален системски ризик” во случај на економска криза.
Финансиската криза избриша 55 отсто од ирските вредности на имотот помеѓу 2007 и 2013 година, оставајќи ги банките со најголема залихи во Европа на нефункционални кредити.
Ирската економија се врати на најбрз раст во Европа за пет години. Но, напорите за прочистување на лошите заеми преку серија продажби на портфолија на меѓународните финансиски фондови за се забавија поради се понискиот интерес.
“Дури и ако севкупната економија е цврста во начинот на опоравување, наследството од кризата останува со нас”, пишува Лејн во ирскиот неделник “Бизнис пост”.
“Додека многу домаќинства и фирми многу жртвуваа да ги намалат нивоата на долг во текот на последната деценија, состојбата на нефункционалните кредити сеуште е превисока и претставува национален системски ризик во случај на криза во иднина”.
Просечната тековна нефункционална кредитна стапка од 11,4 отсто кај банките е значително пониска од врвот од 32 отсто, но е далеку над просекот на Европската унија од 3,6 отсто.
Лејн пишува дека економските предвидувања за национално, европско и глобално ниво се за продолжување на економската експанзија, но ризиците остануваат.
“Најновите проценки (вклучително и на средбата на раководството на Советот на Европа во декември во ЕЦБ) сигнализираат дека рамнотежата на ризиците се менува во надолна линија“, напиша тој.
“Поради мешаните сигнали за динамиката во глобалниот бизнис циклус и извонредно високите нивоа на политичка несигурност, бизнисите и домаќинствата изразуваат загриженост за иднината на глобалниот трговски систем и, уште пошироко, ризикот од Brexit”.