Во 2018-та јавниот долг ставен под контрола, изнесува 48,2 насто. Јавните финансии се реформирани, зголемена е довербата на инвеститорите. Министерот за финансии Тевдовски очекува годинава македонската економија да заврши со раст од 2,8 насто.
Во 2018- та јавниот долг ставен под контрола, изнесува 48,2 насто. Јавните финансии се реформирани, зголемена е довербата на инвеститорите. Министерот за финансии со отчет за сработеното. Тевдовски очекува годинава македонската економија да ја заврши со раст од 2,8 насто.
„Годинава имаме сет од десет клучни реформи во јавните финансии. Јавниот долг е ставен под контрола и се спроведува постепена фискална консолидација. Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто, а денеска изнесува 48,2 отсто. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава издадовме 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75 отсто. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг, а за следната година проектиравме понизок дефицит во однос на годинава, како процент од БДП, но и во апсолутен износ“, рече Тевдовски на денешната средба со новинарите.
Според Тевдовски, економијата годинава ја одбележаа растот на платите, намалувањето на невработеноста, како и враќањето на довербата кај инвеститорите.
„Платите заклучно отктомври пораснаа за 5,7 отсто. Невработеноста е значајно намалена и се приближува до 20 отсто. Отворени се над 14 илјади нови работни места. Странските директни инвестиции се значително повисоки во однос на минатата година. Индустриското производство во континуитет забележува добри резултати, додека извозот има двоцифрен раст“, потенцира Тевдовски.
Тој во 2019 година очекува резултати од реформите преземени во 2018 година, односно платите да растат, невработеноста да се намалува, инвестициите да се зголемуваат, а јавниот долг да остане на контролирано ниво.