Цената на суровата нафта за прв пат по шест години падна на 45 долари за барел. Саудискиот принц Alvaled bin Talal изјави дека високите цени на нафтата се историја.
” Пред една година реков дека цената на нафтата повисока од 100 долари е вештачка, и дека тоа не е добро. Ако понудата и побарувачката останат на сегашното ниво, цените ќе продолжат да паѓаат. Ако има повеќе побарувачката, цената логично ќе расте, но ние никогаш нема да видиме цена од 100 долари за барел нафта”, изјави Alvaled bin Talal за USA Today.
Цената на нафтата пред половина година беше 107 долари за барел, но оттогаш е во постојан пад и е намалена за повеќе од 56 проценти.
Комбинацијата на геополитички фактори, слабата побарувачка и глобалните залихи постојано вршеа притисок врз цените, а ОПЕК одбива да го намали производството.
Принцот Avaled рече дека саудиската влада и други производителите се затечени од таквиод пад, но дека стратегијата да се остане на исто ниво на производство е добра.
“Тоа е паметно. Доколку Саудиска Арабија го намали своето производство за еден или два милиони барели, некој друг производител ќе ги пласира на пазарот. На тој начин за нас ќе има две негативи, пониско производство и пониски цени. Вака, барем ќе се добие шлаканица на само една страна”, рече принцот Alvaled.