Само што заврши дискусијата во Македонското собрание за понатамошна процедура на носење на измените во Законот за заштита на потрошувачи, со лимитирање на стапката на вкупни трошоци ( СВТ ) на 55 %.

Со 75 гласа за и 14 воздржани, Собранието на Р. Македонија даде зелено светло за наредна фаза на измените на овој закон каде лимитирањето на СВТ ( стапката на вкупни годишни трошоци , која ја содржи каматата, прозвизиите и административните трошоци ) се лимитираат на 55 % и пониско.

Зошто е ова историска одлука на Собранието?

Заради тоа што Собранието се стави во одбрана на граѓаните, да не може да продолжи трендот на плаќање огромни трошоци особено кај брзите кредити, на штета на граѓаните.

БанкоМетар.мк како сервис кој генерира заштеди кај граѓаните по однос на кредити и останати задолженија, ја поздравува оваа иницијатива на Собранието и Министерството за финансии и сметаме дека е во права насока и исправна одлука.

 

Наум Димитровски

Уредник на БанкоМетар.мк