Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:

Асистент за усогласеност со прописи во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје Референца Бр. 001/2019

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:

  • Завршено најмалку Високо образование – Правен или Економски Факултет;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • Познавање на регулативата во Република Македонија особено прописите поврзани со банкарското работење;
  • Следење и имплементација на меѓународната регулатива и пракса од областа на усогласеност со прописите;
  • Идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето на банката со прописите;
  • Проценка на ризикот од неусогласеност со прописите со цел да се разбере нивото на ризик, значењето и обемот на ниво на Банка;
  • Анализирање на евентуалните неправилности и проблемите со неусогласеност;
  • Давање предлози и превземање на активности за надминување на утврдените неусогласености;
  • Развивање, координирање и превземање на разни иницијативи за тестирање и следење на усогласеноста;
  • Придонесува за стабилни и ефективни контроли на усогласеност во рамките на организацијата;
  • Оцена на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на банката и врз нејзиното окружување;
  • Оцена на усогласеноста на новите производи, активности или системи во банката со прописите;
  • Давање на мислења во врска со примената на прописите;
  • Аналитичност, ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Соработува со други организациски единици со цел создадавање на култура на усогласеност;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Ефикасно менаџирање со време и почитување на рокови

 

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 20-ти јануари 2019 година на следниов е-маил: [email protected] со назнака: Референца Бр. 001/2019 – Асистент за усогласеност со прописи.

За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, како и мотивациско писмо на горенаведената е-маил адреса. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.