Комерцијална банка АД Скопје известува преку соопштение на Македонската берза дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 1.700 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Со ова ново купување на 1.700 акции, првиот човек на Банката, г-н Хари Костов се повеќе го зголемува својот акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 5.330,00 денари.