Новиот закон во Исланд го прави незаконско плаќањето на жените помалку од мажите и овој закон стапи на сила на 1 јануари 2018 година.
Компаниите сега ќе мора да добијат сертификат за демонстрирање еднаква плата.
Исланд е рангиран како најдобар во светот за родовата еднаквост 9 години по ред.
Исланд го направи нелегално мажите да бидат повеќе платени од жените.
Новиот закон за еднаква плата меѓу половите стапил на сила на 1 јануари 2018 година, според Ал Џезира.
Според законодавството, фирмите што вработуваат повеќе од 25 лица се обврзани да добијат државен сертификат со кој се демонстрира еднаквост во платите или тие ќе се соочат со парични казни.
Законот беше објавен на 8 март на Меѓународниот ден на жената 2017 година, како дел од напорите на нацијата за искоренување на разликата во платите меѓу половите до 2022 година.
Дагни Оск Арадотир Пинд, од Асоцијацијата за правата на жените на Исланд, изјави за Ал Џезира: “Легислативата во основа е механизам кој компаниите и организациите ја оценуваат секоја работа што се прави, а потоа добиваат сертификат откако ќе го потврдат процесот, ако тие плаќаат подеднакво и за мажи и за жени. ”
Таа додаде: “Тоа е механизам за да се осигура дека жените и мажите се платени подеднакво.
“Имавме закон кој вели дека платите треба да бидат еднакви за мажите и жените со децении, но сé уште имаме јаз во платите”.
Нордиската земја, дом на повеќе од 323.000 луѓе, десет години по ред е најдобра во светот за родова еднаквост според Светскиот економски форум.
Извештајот на Глобалниот форум за половите разлики ја оценува родовата рамноправност во една земја која користи индикатори, вклучувајќи ги економските можности, политичкото јакнење и здравјето и стандардот.
Новото законодавство беше поддржано од владата на централнодесничарската коалиција на Исланд, како и од опозицијата – речиси 50 отсто од пратениците во парламентот се жени.
Г-ѓа Aradottir Pind додаде: “Мислам дека сега луѓето почнуваат да сфаќаат дека ова е систематски проблем што треба да се реши со нови методи.
“Жените зборуваа за тоа со децении и навистина чувствувам дека успеавме да ја подигнеме свеста и успеавме да стигнеме до точка кога луѓето сфаќаат дека легислативата што ја имавме не функционира и треба да направиме нешто повеќе.”