Катарски бизнисмени покажаа голем интерес за купување на словенечки компании, беше кажано на состанокот на Словенечкиот претседател Борут Пахор, со своите домаќини во Доха.
Катарските бизнисмени имаат милијарди евра на капитал и на словенечката страна е дали ќе знаат како да ги користат, според информациите кои ги даде словенечката делегација. Словенечкиот претседател предупреди дека не може да се очекува тоа да се реализира преку ноќ.
Неофицијално Катарците покажале интерес за инвестирање во Нова Љубљанска банка- НЛБ. На крајот на 2013 година банката во сопственост на државата е докапитализирана со 1,86 милијарди евра, добар дел од нејзините лоши кредитни побарувања пренесени се на посебна финансиска институција, тоа го означи почетокот на процесот за обновување и реконструкција на НЛБ банка.