Почитувани читатели на БанкоМетар.мк
Согласно последната анкета која ја спроведувавме на нашиот веб сервис, дали граѓаните во регионите на Охрид и Струга се за легализација на марихуаната за рекреативни цели во овие региони, согласно последните трендови по ова прашање во медиумите, добиените резултати се следните :
Над 49 % од гласачите се изјаснаа дека се ЗА легализација на марихуаната во рекреативни цели во Охрид и Струга.
Околу 46 % од гласачите се против ваквата легализација
Околу 5% се изјаснија Не знам.
Согласно вака добиените резултати, кои потенцираме дека се спроведени на нестатистички значаен примерок и со претежна дисперзија на читателите во Југозападниот регион, можеме да заклучиме дека граѓаните од овој регион се генерално сложни за легализација на марихуаната во рекреативни цели. Исто така нотираме дека значаен број на гласови се и против, но сепак се помалку.
Оваа анкета ја спроведовме со цел да го испитаме јавното мислење во нашиот Југозападен регион, чисто за информативни цели.
Ви благодариме на сите што зедовте учество во анкетата.
Со почит,
БанкоМетар.мк