Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, денес во Охрид ќе се одржи презентација на начинот за аплицирање за субвенции за организиран туристички промет.
– Презентацијата ќе има за цел да го појасни начинот за аплицирање за субвенции за организиран туристички промет, најчести пропусти во поглед на поднесување на предметните барања и практикување на Правилникот за субвенционирање на странски организиран туристички промет. Дополнително, за време на презентацијата ќе се направи сублимат на примените и обработени предметни барања за субвенции за 2018-та година, како и осврт на работата во тековната година. Целта на презентацијата е запознавање на сите заинтересирани страни кои поднесуваат или планираат да поднесат барања за добивање на субвенции и нивно полесно аплицирање, како и симплифицирање на детектираните комплексни области кои се непосредно поврзани со оваа активност, информираат организаторите.
Комисијата за субвенционирање на странски организиран туристички промет ќе ја изврши презентацијата во хотелот „Милениум Палас“ во Охрид, утре, 12-ти април со почеток во 11:00 часот.