Производот беше презентиран во Дубаи и е произведен од локална компанија
Во Дубаи беше претставен најскапиот парфем во светот, кој стави истовремено три рекордот за Гинис, пренесе агенцијата УПИ.
Луксузниот производ е дело на локалната парфимерија – компанијата Spirits of Dubai, а трговската марка на унисекс мирисот е “Shumukh”.
Шишето на производот држи рекорд за шише украсено со најмногу украсни дијаманти на него – над 3571. Самиот парфем истотака е најскапиот на светот и неговата цена е 1.295.000 долари.
Шишето на парфемот е поставено на пиедестал на тркала и тоа се насочува со далечинско кое ја регулира висината и насоката на спрејот. Тоа, исто така, го постави рекордот за Гинис како најголемо шише за парфем, лансиран на пазарот, со висина од 1,97 метри.