На состанокот на гувернерите на Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука, почнивајќи од март оваа година па се до септември 2016, во финансискиот ситем на еврозоната преку купување на државни и приватни обврзници месечно да вбризгува по 60 милијарди евра.
Одлуката доаѓа после неуспехот на европскиот модел за борбата против финансиската криза преку радикални мерки за штедење кои не вродија со резултат, како што може да се заклучи од страна на рекордно високата стапка на невработеност, многу ниска стапка на економски раст и ниска стапка на инфлација која во последниве месеци е негативна, што значи дека еврозоната е во сотојба на дефлација, што уште повеќе ја влошува економската ситуација.
Од друга страна, централните банки на САД, Велика Британија и Јапонија, на кризата пристапија на различен начин, во финансискиот систем се даваат огромни суми на пари и повеќето економисти се согласуваат дека тој вид на програми преку масивни вбризгувањa на пари во финансискиот систем на наведените земји им овозможи многу побрзо заздравување од финанската криза. ЕБЦ се надева дека оваа програма и во еврозоната ќе го има истиот ефект.
Како тоа ќе се однесува врз курсот на еврото?
Во последните неколку години и другите големи централни банки во повеќе наврати покренуваа и завршуваа програми со вбризгување на пари во финансискиот систем. Ефектот врз девизниот курс секогаш бил ист кога програмата започнува или износот на пари се зголемува валутата секој пат слабее, додека кога го објавувале завршувањето на програмата валута започнувала да зајакнува.
Еврото, веднаш по објавувањето на веста, во однос на американски долар ослабна за 1%, на крајот од денот падот не еврото во однос на амриканскиот долар да достигне над 2 %. Курсот на еврото во однос на швајцарскиот франк остана релативно стабилен.
Аналитичарите по однос на курсот на еврото сметаа дека мерките на ЕЦБ ќе имаат ист ефект како во сличните ситуации со останатите валути. Еврото најверојатно ќе продолжи да слабее во однос на останатите најважни светски валути, поготово во однос на американскиот долар. Доколку ситуацијата во еврозоната не се поправи во брзо време и програмот на ЕЦБ потрае подолг период, постои можност да за година две вредноста на еврото падне на ниво на американскиот долар.