Швајцарскиот производител на часовници Rolex веќе четврта година по ред е именуван за најреномирана компанија во светот. Оваа признание се доделува од 1997 година, а листата на 100 најреномирани компании ја составува Reputation Institute од Бостон, водечки снабдувач на услуги за мерење и контрола на репутација.
И оваа година “Rolex” ги остави зад себе познатите компании како LEGO, Disney, Adidas, Microsoft, Sony, Canon, Michelin, Netflix и Bosh.
За да се постигнат овие резултати, истражувачите од Reputation Institute од Бостон анкетирале повеќе од 230.000 лица во 15 земји ширум светот. Компаниите кои се анализираат за да се приклучат на листата најчесто имаат приходи од над 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и препознавање на брендот кај најмалку 40 проценти од општата популација.
Во историјата долга повеќе од 100 години, “Ролекс” континуирано работеше на трајни подобрувања, како и на инвестиции во иновациите на сите нивоа.
Токму, посветеноста на аспирацијата за извонредност и желбата да се придонесе за општеството, Rolex го стави на самиот врв на најпочитуваните светски компании.