Според трговците и аналитичарите, нема видливи двигатели на ценовните движења
Биткоинот денес се искачи на највисоко ниво во изминатите шест месеци, отварајќи можности за раст и на цените на други крипто-валути, објави Ројтерс. Според трговците и аналитичарите, нема видливи двигатели на ценовните движења.
Најпопуларната криптовалута се зголеми за 4,5% до 5.600 долари за еден биткоин, достигнувајќи ја својата највисока вредност од 19 ноември 2018 година. Другите клучни криптовалути, како Етериум и Рипл, исто така, ја зголемија нивната цена.
Дигиталните валутни трговци не се сигурни што точно го предизвикало ненадејниот скок на цената денес на криптоберзите, но изгледа дека сакаат да го искористат тоа.
Најпопуларната криптовалута поскапе изненадувачки и во почетокот на овој месец до највисокото ниво од ноември, поведувајќи го растот и кај останатите дигитални валути. Тоа беше крајот на кварталната рамнотежа на виртуелниот девизен пазар.
Иако ненадејните промени во цената на биткоинот не се нешто ново, овие движења на виртуелната валута беа релативно мирни оваа година. Причината е падот од 74% што оваа валута го претрпе минатата година и обесхрабрувањето на инвеститорите дека валутата не може да биде широко прифатена.